Monday, May 9, 2011

Прилеп


Прилеп е град во РМ.Со 73 925 жители и површина од 1 675км2.се наоѓа во Пелагониската котлина, во јужниот дел на РМ до него се стасува со магистралниот пат М-5.Се наоѓа на 128км од градот Скопје.
Познат е како"градот на Марковите кули" поради неговата близина на Кулата на легендарниот херој Крали Марко
Средовековна историја 
Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил градот потпаднал под византиска власт, се до распаѓањето на Византија во 1204 год. Во 1334 година Прилеп заедно со цела Македонија стануваат дел од Српското Кралство, на чело со Стефан Душан. Во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин, кој го создал Прилепското Кралство, со седиште во Прилеп. По неговата смрт во Маричката битка (1371), го наследил неговиот син,Крале Марко, (познат по своите надприродни сили и моќи, во народните преданија и приказни), кој и по доаѓањето на Турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија.
Османлиско ропство 
Со доаѓање на Турците.Прилеп од високоразвиен трговски град,се префрлил кон селското население односно кон садењето и нижењето тутун.Во Прилеп во 1565/64 се случило голем бунд кон неподносливата турска власт,кога незадоволните Мариовци,ќе направат голем протест пред судот во Прилеп 

Во XIX век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифис и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков(роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Во овој период градот бил поделен на христијански и турски дел. Постоеле 17 христијански маала и 10 турски.
Според структурата на ВМОРО, Прилеп за време на илинденскиот период бил дел од Прилепската околија на Битолскиот револуционерен округ. Илинденското востание ќе има силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир водвода.

No comments:

Post a Comment